7.8 C
Skopje
Saturday, December 3, 2022

Дина Јашари: „Јас сум единствената Македонка која двапати беше во шоуто на Зоран Кесиќ“ (ВИДЕО)

Најчитани вести

Дина Јашари (23) е млада и талентирана кантавторка која со нејзините авторски песни го освои Балканот. Ја доби наградата „Милан Младеновиќ“ која ја доделува истоимената Фондација од Белград која има за цел да поддржи млади артисти од регионот кои творат на својот мајчин јазик. Јашари од вкупно 250 пријавени песни, влезе помеѓу 12 -те финалисти и успеа да победи. „Песната „Дома“ ја освои наградата.

„Пресреќна сум што ме одбраа мене да ја добиам ова признаие, затоа што и целта фондација „Милан Младеновиќ“ е да се продолжи неговиот дух и творештво. Тоа е нешто што треба да постои, не сплотува на едно место артисти од различни земји од Балканот“, рече Дина Јашари во интервју за Репортер. Таа и лани влезе меѓу финалистите, но не победи. Затоа пак запознала нови пријатели, артисти, луѓе кои се дел од музичката индустрија. „Оваа година имав шаса доста да патувам, и секоја моја посета на Белград се гледав со тие луѓе, но и запознав нови. Сега Белград ми е како дома“ – рече кантавторката.

Дина е првата Македонка која гостувала во најгледаното српско телевизиско шоу „24 минути со Зорак Кесиќ“. Таа досега два пати беше дел од неговата емисија. Дина е судент на Факултетот за музичка уметност, смер популарни жанрови – соло пеење досега требала да дипломира, но поради обврските кои ги имала, дипломирањето вели ќе почека за догодина. Песните ги создава секаде, додека е во движење, на велосипед, во парк, автобус, автомобил, дома.

„Песната „Копнежи“ ја напишав додека возев точак, ми текнуваа работи и си ги снимав на телефон“, раскажа Дина. Розевата тетратка која ја добила на подарок од нејзина драга другарка е нејзиното музичко богатство каде своерачно ги меморира нејзините песни. „Кога ја видов си реков ова е местото каде што ќе ги напишам моите песни. Доста од песните ги имам напишано таму и тие кои што сум одлучила да ги споделам се претворија во песни. Практикувам да ми е рачно напишано се“ – вели Дина.

Која е Дина Јашари приватно, дали оди во кафана, зошто розевата боја е нејзина омилена, за нејзиниот бенд „Дина и другарите“, зошто уку леле и е омилен инструмент, што најчесто прави на социјалните мрежи и што следно подготвува…?

https://youtu.be/mD9fd-8pkus

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести