17.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Династијата Мицотакис повторно на чело на Грција каде влијателна e повеќе од еден век

Најчитани вести

Претседателот на Нова Демократија, Киријакос Мицотакис, потомок на една од највлијателните грчки политички династии, ќе стане нов премиер откако неговата партија ја победи владејачката „Сириза“ на парламентарните избори.

Педесетиедногодишниот претседател на Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис, е економист и се смета за современ политичар од нов ков. Денеска се очекува тој да положи заклетва за нов грчки премиер.

Во текот на предизборната кампања Мицотакис настојувше да се насочи кон проблемите на работниците, промовирајќи притоа подобро работно опкружување, намалување на даноците и модернизација на грчкиот бирократски систем.

Што се однесува до Преспанскиот договор меѓу Атина и Скопје, тој рече дека договорот кој им е претставен на Грците е многу проблематичен.

„Конкретно мислам на комбинацијата на името кое е избрано со признавање на македонска нација и на македонски јазик. Сметаме дека оваа комбинација може да биде многу проблематична. Таа има потенцијал да оживее некои националистички тенденции, а тоа не оди во корист на денешните обиди за обезбедување на мир и стабилност на Балканот“, изјави Мицотакис.

Семејството Мицотакис е едно од трите најмоќни политички семејства во Грција, пишува „Танјуг“.

Влијателно е повеќе од еден век, а Кирјакос Мицотакис е потомок на познатиот Елефтериос Венизелос.

Во регионот особено е познат таткото на Кирјакос, Константин Мицотакис, кој беше грчки премиер во раните 1990-ти.

Тој посредуваше во барањето на мирно решение за војната во поранешна Југославија. Живееше 99 години.

Од четирите деца на Константин Мицотакис, двајца се добро познати политичари.

Неговата ќерка, Дора Бакојани, поранешна шефица на грчката дипломатија, сега е пратеник на Нова Демократија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com