Home » Динамо одговори на соопштението на АЕК: Одговорноста за инцидентот е на вашиот клуб и полицијата

Динамо одговори на соопштението на АЕК: Одговорноста за инцидентот е на вашиот клуб и полицијата

by Lina Muslija

Хрватскиот клуб Динамо се најде во незгодна ситуација поради дивеењето на група негови фанови во Атина, кое заврши со многу повредени, но и со загубен човечки живот на 22-годишен грчки државјанин.

Хулиганскиот испад на фановите на Динамо го одложија и натпреварот од квалификациите за ЛШ кој требаше да се игра вчера, а АЕК од УЕФА побара и елиминација на хрватскиот тим од натпреварувањето поради однесувањето на фановите.

Динамо денеска одговори со соопштение, не криејќи го изненадувањето од жестокиот речник на конкурентот од Грција.

– Жалиме што АЕК со своите ставови бега од одговорноста, ја подигнува тензијата и што во соопштенијата користи агресивен, хушкачки и непримерен речник за да прави притисок на УЕФА.

– Пристапот е неодговорен и поради фактот што на сите, освен на луѓето од АЕК, им е јасно дека Динамо направи се што е во негова моќ да се избегне ваква ситуација, а најголема одговорност за инцидентите сносат организаторите, односно клубот и грчката полиција. Нагласуваме дека во моментов се уште не е познато дали убиството го извршил грчки или хрватски државјанин.

– Ги повикуваме претставниците на АЕК да им се посветат на фудбалот и смирувањето на тензијата, а улогата на истражител и судија да им ја остават на институциите. Никому нема да дадеме право на таков монструозен начин да се поигрува со името Динамо, тоа однесување не е достојно за европски клуб, – стои во дел од опширното соопштение на Динамо Загреб.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More