26.8 C
Skopje
Wednesday, June 16, 2021

Динамо и Ц. Звезда се наполнија со пари со пласманот во Лигата на шампиони

Најчитани вести

Загрепски Динамо и белградска Црвена Звезда се наполнија со пари откако синоќа го обезедија учеството во Лигата на шампионите, па како дел од најелитното натпреварување допрва ќе имаат шанса уште повеќе да си ги наполнат касите со милиони евра од настапите во групната фаза.

Двата гиганти од регионот од т.н. „голема четворка“ (заедно со Хајдук и Партизан) имаат фантастична заработка со самиот пласман во ЛШ. Динамо веќе има чисти 24 милиони евра и тоа поради бонусот за пласман од 15,25 милиони евра што го добива секој клуб за учество во групите, како и 7,75 милиони евра како бонус според коефициентото од настапите во Европа во последните десет години, плус еден милион од овие летни квалификации.

Ц. Звезда е нешто послаба во заработката од „модрите“, зашто има 15,25 милиони евра за учество во групите, плус нешто над два милиони евра од тој десетгодишен коефициент и еден милион од квалификациите или речиси 19 милиони евра. Но, овие пари допрва ќе се зголемуваат, зашто и двата клуба ги очекуваат приходи од влезници, но и од маркет-пулот (ТВ-права, маркетинг на ЛШ) на УЕФА кој подона ќе биде распределен, па заработката може да стигне и преку 30 милиони евра, зашто ги чекаат и бонуси за секоја победа (2,7 милиони евра) и за секое реми (900.000 евра).

И двата клуба, кои се симбол на хрватскиот односно српскиот фудбал, со новиот пласман само потврдија дека силните инвестиции и добрата работа може да донесат успеси, а со тоа и да се вратат вложувањата, но и парите од заработката дополнително правилно да се инвестираат.

Динамо и Ц. Звезда в четврток од 18 часот во Монте Карло ќе ги дознаат противниците во групите за ЛШ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести