5.8 C
Skopje
Friday, December 9, 2022

Димушевски и Гушиќ завршија втори во класата на „Рели Србија“

Најчитани вести

Во својата прва рели сезона, македонскиот тандем Димушевски-Гушиќ постигна забележителен успех на 55-то издание на Рели Србија освојувајќи го второто место во нивната класа RC5.

На извонредно тешкото дводневно рели долго преку 500 километри, со нивното возило Hyundai i20 Coupe во нивната класа RC5 со вкупно време од 2 часа и 2 минути тие го освоија второто место зад Романецот Ионут Забава со Renault Clio, а пред Бугаринот Александар Томов со исто возило како и нашиот екипаж. Во генералниот пласман, нашиот екипаж заврши на 20 то место од 39 возила колку што го стартуваа релито.

Со ова Димушевски и Гушиќ ја заокружија успешната дебитантска сезона со две комплетирани релија по победата во истата класа на релито Мионица кое го возеа во јули.

„Вистинско рели, неверојатно тешки брзински испити, исцрпувачки 500 километри во два дена и предизвици кои навистина го вадат максимумот и секого во тимот, вели трикратниот македонски првак на кружни патеки, Владимир Димушевски кој од оваа сезона реши да се префрли на рели натпревари.

„Првиот ден, бевме подобри од посилни возила од нашето и поискусни екипажи. Имавме скоро перфектен ден. Но, откако увидовме дека второто место во класата ни е обезбедено, во неделата се решивме за подефанзивна тактика, возевме поконзервативно и се фокусиравме да ја задржиме разликата во однос на Темов и Радулеску кои беа зад нас. Малку ми е жал што го расипавме генералниот пласман, ако продолжевме ви ист стил и во неделата, сигурно ќе бевме во првите 15 во генерала, но релито како тркачка дисциплина поради својата должина бара и многу тактика. Како и да е, многу сум задоволен од дебитантската сезона, нашето тркачко возило е сепак школско за тренинг и учење, што и беше првичниот план, но си покажавме себе си дека брзо можеме да се адаптираме во новата дисциплина и можеме да правиме поамбициозни планови за следната година за поконкурентно возило и настапи на повеќе трки“, вели Димушевски.

Релито Србија е наследник на традиционалното Ју Рели и е централен и најквалитетен автомобилистички настан кај нашиот северен сосед. Релито мина во битка меѓу домашниот ас Душан Борковиќ и Бугарите Пламен Стајков и Мартин Сурилов.

Со 10 победи на 12-те етапи Борковиќ по трет пат во својата кариера го заврши ова рели како севкупен победник, минута и 37 секунди пред Стајков и минута и 44 секунди пред Сурилов.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести