Пратеникот Илија Димовски, кој е обвинет во случајот „Титаник“, на денешното рочиште побара судењето да запре се додека Советот на јавните обвинители не се произнесе за Катица Јанева.
-Предлагам судот да донесе решение до завршување на постапката на Советот на јавни обвинители и Собранието, и доколку одлуките бидат негативни по Катица Јанева, судот да ја прекине расправата, изјави Димовски.
Тој истакна дека постои опасност и други случаи на СЈО да биле зафатени со „Рекет“’
-Постои сомнеж дека и други предмети биле инфицирани со „Рекет“, како и дека и други политичари и бизнисмени биле користени за рекет, па затоа би требало постапките да запрат, рече Димовски.
Претходно и адвокатот Димитар Дангов побара стопирање на судењето бидејќи како што рече, обвинителката Лиле Стефанова не може да го застапува обвиението, бидејќи единствената надлежна од СЈО, шефицата Јанева, била во притвор.