Home » Димовски: Не е битно дали има сентимент кон Русија, битно е што се осуди инвазијата

Димовски: Не е битно дали има сентимент кон Русија, битно е што се осуди инвазијата

by Журнал.мк

Во врска со изјавата на Илија Димовски, кој вели дека сега во партијата ВМРО-ДПМНЕ нема никава фунција, дека пописот е некомплетен, од неговата партија излегоа со соопштение дека тоа е негов личен став.

-Прашање е дали пописот ќе ни помогне за уредување на општествените, комуналните и слични работи оти е некомплетен, имаше и бојкот. Ние имаме ситуација кога над 100 илјади граѓани не се вклучиле во пописот кој е императивен. Ние треба како држава да најдеме начин да ги адресираме овие луѓе и да ги инкорпорираме. Тие луѓе нешто ги фрустрира поради што одбиле да се вклучат, вели Димовски.

Главните политички сили во Македонија застанаа со осуда на руската агресија, но сепак во македонскиот ентитет има симпатија кон Русија.

-Она што е битно е да видиме дали се залагаме за територијалниот интегритет, малцинските јазици, човековите права. За мене е неприфатливо да се случува ваква војна, не може во 21 век да се менуваат граници. Во однос на регионот во кој се наоѓаме, овие држави најмногу треба да бидат против оваа инвазија, вели Димовски.

Во однос на подемот на десницата во регионот, Димовски вели дека во Европа годинава ќе се случуваат економски крахови и со енергенсите и со високите цени на храната, па ваквите партии кои имаат повеќе суверенистички пристап а ги има и во Словенија и Унгарија, па и во Нордиските земји, логично е да зајакнуваат во вакви услови оти во време на криза секој прво го гледа своето, објаснува Димовски за Утрински брифинг.

-Во однос на отворање нови пазари и економски политики ВМРО-ДПМНЕ е неприкосновена. Со Левица идеолошки не можеме да бидеме подалеку иако имаме и некои заеднички точки, вели Димовски.

Во однос на македонско-бугарскиот спор Илија Димовски вели дека доколку се случи бугарски предлог во кој не се негира македонската нација тогаш може да се постигне договор, а Кирил Петков се движи во таа насока, вели Димовски и додава дека бугарскиот премиер на оваа тема на домашен терен има и противници.

-Моето првично чувство е дека Османи со изјавата дека некои луѓе се јавувале да не се решеи спорот со Бугарија, сакаше да поврзе дека ако такво нешто се случувало во Бугарија сигурно се случувало во Македонија. Ако навистина се случувало, тогаш тоа треба да се истражи, вели Димовски.

Тој очекува дека се големи шансите за предвремени избори во септември оти според негово мислење оваа влада има уште помали капацитети од претходната на Заев.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk