9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Димитров специјален говорник на есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур

Најчитани вести

На покана на претседателот Рик Даемс, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, денеска, ќе има специјално обраќање на есенската сесија на Парламентарното собрание при Советот на Европа, што се одржува во Стразбур, Франција.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, пред членовите на ПССЕ, вицепремиерот Димитров ќе го претстави напредокот на Северна Македонија во исполнување на стратешките приоритети, како и регионалната соработка во однос на европските интеграции по што ќе бидат разменети мислења за предизвиците и можностите во тој контекст.

По неговото обраќање, предвидена е дискусија за демократските предизвици и европските аспирации за Западниот Балкан и улогата на Советот на Европа во таа смисла, стои во соопштението.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com