7.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Димитров се сретна со Нивес Тигањ, новоименуваната амбасадорка на Хрватска во Република Македонија

Најчитани вести

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денес ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваната вонредна и ополномоштена амбасадорка на Република Хрватска во Република Македонија, Н.Е. г-ѓа Нивес Тигањ.

Двајцата соговорници разменија мислења за европската перспектива на Македонија и земјите од регионот, во контекст на претстојното претседавање на Хрватска со Советот на Европската Унија од јануари 2020 година. Во таа насока, министерот Димитров изрази благодарност за конзистентната поддршка на нашите европски перспективи. МНР Димитров изрази очекување за валоризирање на сработеното со што ќе се овозможат предуслови за конкретен исчекор на европската агенда.

На средбата беше изразено заемно задоволство од односите меѓу двете пријателски земји, оценети како одлични и без отворени прашања. Исто така беа разменети мислења за натамошно унапредување на секторската соработка, интензивирање на трговската размена и додавање нов квалитет на соработката во образованието, културата, земјоделството итн.

На амбасадорката Тигањ, МНР Димитров и’ посака срдечно добредојде и желби за успешно извршување на новата дипломатска мисија во Македонија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com