Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, имаше билатерална средба со високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Заниер, кој денеска присуствуваше на меѓународна конференција на тема: „Едно општество за сите и интеркултурализам“ како еден од главните говорници. Тој имаше и повеќе билатерални средби со државнот врв, како и со неколку градоначалници во Скопје.
Средбите беа во контекст на размена на мислења за овозможување успешна имплементација на стратегијата за едно општество и интеркултурализам по нејзиниото усвојување како тема која е во центарот на мандатот на амбасадорот Заниер.
На средбата, на која го придружуваше и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ, Која, беа разменети мислења за активностите во врска со подготовката и идната примена на стратегијата за едно општество и интеркултурализам, која е резултат на концептот зад кој застана Владата, поддржан од сите домашни засегнати страни – државните институции, но и граѓанскиот сектор, академската заедница, и меѓународните партнери – ОБСЕ, Европската Унија и Советот на Европа.
Димитров ги поздрави ангажманот на високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ и истовремено се заблагодари на неговата поддршка на стратегијата за интегрирано образование, како една од најсуштествените елементи и предизици на патот на овозможување едно општество за сите.
Заниер ја реафирмира поддршката за процесот, како и спремноста и понатаму да ја помогне имплементацијата на стратегијата, особено во контекст на неговиот посебен интерес за интегрираното образование, а во насока на создавање интегрирано и функционално општество, што треба да претставува долгорочна цел на сите политички актери во земјата.