0.8 C
Skopje
Sunday, January 23, 2022

Димитров: Приведениот дипломат бил испратен во Мисијата на ОБСЕ во 2015 година, кога со МНР раководи друг министер

Најчитани вести

Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи и актуелен вицепремиер за евроинтеграции посочува дека сега уапсениот дипломат Миленковски бил испратен во Мисијата на ОБСЕ во Виена во 2015 година, кога со МНР раководи друг министер.

Барањето за  продолжување на мандатот, Димитров го одбил. Во 2019 година МНР ги добила првите индиции дека ќе има истрага за постапки на вработени, меѓу кои и за овој дипломат. Но, немало информација за потерница и немало пресуда.

Сепак, МНР не дозволило лицата да бидат упатени на служба во странство а за истрагите ги информирале безбедносните служби, кои се надлежни и за безбедносни сертификати и проверки. Согласно Законот, на дипломати во МНР не може да им биде поништена дипломатска патна исправа, освен при одземање на безбедносен сертификат што е во надлежност на друга институција, односно престанок на работниот однос.

Потерницата од Интерпол е распишана во февруари 2020 год., долг период по враќањето на дипломатот од Виена и за тоа не е доставена информација до МНР во времето додека бев таму на должност, вели Димиторв и додава дека нема инфорамции како и зошто сега бил упатен на служба токму тој дипломат.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com