-4 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

Димитров патува за Брисел во пресрет на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ

Најчитани вести

Министерот за надворешни работи Никола Димитров од 14 до 17 октомври ќе престојува во работна посета на Брисел кога се очекува Советот на ЕУ и Европскиот Совет да донесат одлука за датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија.

Во рамки на посетата, министерот Димитров ќе има размена на мислења со членовите на Комитетот за надворешна политика на Европскиот Парламент. Ова ќе биде прво обраќање на Димитров пред новиот состав на овој Комитет, по европските избори одржани во мај 2019 година.

Од МНР преку соопштение велат дека Димитров ќе се заблагодари за континуираната поддршка на Европскиот Парламент на европската перспектива на земјата и ќе изрази очекување дека таа ќе продолжи и ќе се зајакне со актуелниот состав на Парламентот.

Димитров за време на посетата ќе оствари и поединечни средби со пратениците од Европскиот Парламент.
Во оваа клучна недела во која се очекува Советот да ја донесе одлуката за почеток на пристапните преговори, Министерот ќе се сретне и со дел од министрите кои ќе учествуваат на Советот за општи работи на 15 октомври 2019 година.

На 17 и 18 октомври, Европскиот совет ќе одлучува дали Северна Македонија и Албанија ќе ги почнат преговорите за членство во Еропската Унија.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести