-8.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Димитров онлајн во Белград на Конференција Отворен Балкан со Брнабиќ, Рама и Ескобар

Најчитани вести

На конференцијата во поздравен говор на присутните ќе им се обрати претседателот на Народното собрание на Република Србија Ивица Дачиќ и амбасадорот на САД во Србија Ентони Годфри, соопштија од Собранието.

Во Белград денеска во српскиот Парламент ќе се одржи Конференција „Отворен Балкан – Патот кон стабилизација, соработка и просперитет на регионот”, на која на политичкиот панел покрај српската премиерка Ана Брнабиќ, онлајн ќе учествуваат и вицепремиерот за европски прашања Никола Димтров, албанскиот премеир Еди Рама и специјалниот американски пратеник за Балканот Габриел Ескобар, јави дописникот на МИА од Белград.

На конференцијата во поздравен говор на присутните ќе им се обрати претседателот на Народното собрание на Република Србија Ивица Дачиќ и амбасадорот на САД во Србија Ентони Годфри, соопштија од Собранието.

На Конференцијата ќе бидат презентирани резултатите од регионалното истражување на јавното мислење и резултати од економската анализа на иницијативата Отворен Балкан, а ќе се одржи и Панел на бизнисмени за економските ефекти од Отворени Балкан.

Организатори на Конференцијата се Народното Собрание на Србија, Конгресот на српско-американското пријателство, независната меѓународна истражувачка мрежа East West Bridge (ЕВБ).

Главен модератор ќе биде Јован Ковачиќ, претседател и основач на ЕВБ и Член на Извршниот комитет на Трилатерална комисија и претседател на српската група на Трилатералната комисија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com