10.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Димитров на средба со Ранкиевичс: Македонија постигна неверојатен напредок во процесот на приближување кон ЕУ

Најчитани вести

Политиката на проширување претставува најважната алатка на надворешната политика на ЕУ за промовирање на мир, стабилност и просперитет  на европскиот континент, истакна вицепремиерот Никола Димитров на средбата со министерот за надворешни работи на Латвија, Едгарс Ринкевичс во Рига-Летонија.

Соговорниците се согласија дека е потребно заокружување на процесот на обединување на Европа преку интеграција на Западниот Балкан, за што нашата држава ги исполнила сите барања за почеток на пристапните преговори. 

Димитров оцени и дека земјата продолжува да ги спроведува реформските активности за реализирање на европската агенда, затоа е неопходно новата методологија за пристапни преговори, што воведува построги правила и зајакната условеност во клучните области, да биде операционализирана во евроинтегративниот процес на земјата, преку одржување на првата меѓувладина конференција со Унијата.

-Јас се обидов да ги посочам сите аргументи и на некој начин да илустрирам зошто токму македонскиот случај ја исправува ЕУ пред тест, не само за изминатите пропуштени години, туку и заради нашето реформско портфолио, а и лидерство за тешките прашања. И мислам дека ќе биде очигледна стратешка грешка ако оваа година и ние заедно со сите наши соседи и пријатели од ЕУ не прогласиме заеднички успех, изјави Димитров.

Ринкевичс ја потврди цврстата летонска поддршка на европската перспектива потенцирајќи ја важноста на почнување на преговорите со Унијата, што поскоро. Тој изрази надеж дека нашата земја ќе стане 28та земја членка на Унијата.

-Веруваме дека е време и формално да започне процесот, со првата меѓувладина конференција со ЕУ. Исто така, сакам да кажам дека имавме широка дискусија за регионалната безбедност и случувањата во регионот на З. Балкан. Дискутиравме за прашања околу актуелната меѓународна ситуација и мислам дека е одлично тоа што е направен неверојатен напредок со Преспанскиот договор и сме сведоци на овие процеси, изјави Едгарс Ринкевичс, министер за надворешни работи на Латвија.

Претходно вицепремиерот Димитров се сретна со пратеници од летонскиот парламент, а мини-балтичката турнеја ја продолжува во Литванија. 

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com