1.8 C
Skopje
Friday, January 27, 2023

Димитров на неформалниот состанок на министри за европски прашања

Најчитани вести

На покана на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за европски прашања во својство на членови на Советот за општи работи (GAC), кој што денес и утре (22 и 23 јули) се одржува во Љубљана и Брдо кај Крањ.

На состанокот ќе се дискутираат приоритетите на словенечкото претседателство со посебен акцент на политиката на проширување, владеењето на правото и активностите поврзани со Конференцијата за иднината на Европа. Ќе бидат опфатени и теми во контекст на зајакнувањето на отпорноста на Унијата кон кризи, како прашања кои налагаат градење на заеднички координиран пристап.

На маргините на ГАК, предвидено е вицепремиерот Димитров да оствари повеќе билатерални средби со министрите за Европа и надворешни работи од земјите членки на ЕУ и со претседавачот на Советот за општи работи, на кои ќе се покрене прашањето за надминување на предизвиците за отпочнување на преговори со Унијата.

Организирањето на овој настан е во светло на претставените приоритети на словенечкото претседателство за градење на кредибилна и стабилна Унија, за што е неопходно придвижување во процесот на проширување.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести