15.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

Димитров – Лииметс: ЕУ да го исполни ветеното и да ги отвори преговорите со Македонија

Најчитани вести

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, таботната посета на Естонија, ја почна изутрината во Талин со средба со министерката за надворешни работи Ева-Мариа Лииметс.

Димитров и Лииметс разговараа за клучните аспекти од европското досие на Македонија со фокус на изгледите за што побрз пробив на евроинтегративниот пат, за што Естонија конзистентно изразува поддршка, соопшти СЕП.

-Естонската приказна е многу успешна и Македонија може и треба многу да научи од пријателска Естонија. Естонија е пример за тоа како една земја може да се развие и напредува, искористувајќи ги сите расположливи капацитети. Денес, во Талин, од мојата колешка Ева-Марија уште еднаш добив уверување дека Естонија ќе продолжи безрезервно да не’ поддржува во процесот на европеизација на нашето општество, истакна Димитров на средбата со Лииметс.

Напомена дека Македонија направи големи чекори во последниве години, како на реформски план, така и во однос на затворањето на тешки билатерални прашања. Токму поради тоа, се очекува и Европската Унија конечно да ги исполни своите ветувања. Тој додаде дека шансите за ревитализирање на политиката на проширување на ЕУ се во македонскиот случај, кој претставува вистински тест за сериозноста на Унијата и нејзиното влијание во регионот.

Министерката Лииметс ја реафирмираше принципиелната поддршка за европската иднина на нашата земја и спремноста за споделување на успешното естонско евроинтегративно искуство. Таа нагласи дека е неопходно Европската Унија доследно да ја примени новата Методологија за пристапување и да ги разгледа сите можности за што поскоро да се одржи првата меѓувладина конференција со Македонија.

Воедно, на средбата соговорниците разговараа и за продлабочување на соработката меѓу земјите преку техничка и експертска поддршка, особено фокусирајќи се на споделување на естонските искуства од процесот на дигитализација, соопштија од СЕП.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести