4 C
Skopje
Sunday, April 11, 2021

Димитров и Захариева денеска во Софија повторно за Гоце Делчев и датумот за чествување

Најчитани вести

Министерот за надворешни работи Никола Димитров кој од вчера престојува во Бугарија на покана на вицепремиерката и министер за надворешни работи Екатерина Захариева за да учествува на состанокот на организацијата за Црноморска економска соработка, во делот на разговорите за Гоце Делчев ќе настапи со нови аргументи и сознанија.

Димитров во гостување во „Само вистина“ најави дека читал оригинални писма од Гоце Делчев што ги испраќал до Никола Малешевски и другите соборци. Неговото визионерство треба да ни служи како мост со Бугарија-рече Димитров.

 Инаку Гоце  Делчев и датумот на чествување веќе неколку недели ги бранува македонско бугарските односи. Премиерот Борисов обидувајќи се пластично да го претстави проблемот ,оцени дека Гоце Делчев всушност бил бугарски Че Гевара кој се жртвувал за слободата на Македонија.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести