-6.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Димитров: За случајот со Миленкоски МВР беше навремено информирано

Најчитани вести

За скандалот со тројцата македонски дипломати вмешани во организирање бегство на осомничена личност или личности од Ерменија за корупција и перење пари, поранешниот министер за надворешни работи на Македонија Никола Димитров денеска вели дека имало комуникација меѓу МНР и МВР и дека истрагата требало да се води во рамките на МВР и безбедносните агенции.

Миле Миленкоски, македонски дипломат од македонската мисија во ОБСЕ во Виена од 27 август е во екстрадициски притвор во Врање, Србија, по издадена потерница од Ерменија.

„Во МНР има записи од писмена комуникација со МВР за овој случај. Кога добивме информација дека ќе почне истрага во рамките на МВР, од таму добивме прилично штури информации. За таа работа ние ги информиравме безбедносните агенции и во фајлот за вработениот ги има сите овие информации. Дипломатски пасоши добиваат тие што имаат дипломатски статус. Дипломатскиот пасош може да се одземе кога ќе се одземе безбедносниот сертификат, а тоа е во надлежност на безбедносните агенции. МНР нема капацитет да врши безбедносни проценки“, рече Димитров.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com