14 C
Skopje
Monday, January 25, 2021

ДИМИТРОВ: ЕУ да биде јасна кон нас

Најчитани вести

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров вели дека најмалку што Европската Унија му должи на регионот е да биде јасна кон нас. 

Вели дека ако не постои веќе консензус за европската иднина на Западниот Балкан, ако ветувањето од Солун во 2003 повеќе не важи, граѓаните заслужуваат да знаат. Тој ова го напиша на Твитер.

„Благодарност до сите лидери кои се бореа напорно за ЕУ да отвори пристапни преговори со нас, признавајќи го и зацврстувајќи го со тоа историскиот Договор од Преспа,  охрабруваќи ги домашните реформи и европскиот наратив во Северна Македонија, земја-кандидат веќе 14 години. Додека чекаме да се постигне консензус, ние мора да продолжиме да ги браниме вистинските европски вредности дома“, наведува Димитров.

Македонија од Брисел не доби датум за преговори со Европската Унија. 

ЕУ на Македонија ќе се наврати идната година. 

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести