12.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Димитров денеска во Берлин на средба со Рот

Најчитани вести

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, на покана на германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, денеска ќе престојува работна посета на Германија.

Покрај Рот, во рамки на престојот на Димитров во Берлин предвидени се средби и со Јан Хекер, главен советник за надворешна и безбедносна политика на канцеларката Ангела Меркел, Нилс Шмид, портпарол за надворешни работи на парламентарната група на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) во Бундестагот, Сабине Штер, ополномоштеник за ЕУ политики во германското МНР и Сузане Шуц, директорка во Министерството за надворешни работи на Германија, за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА, како и со други релевантни соговорници во контекст на германската поддршка за европското досие на Северна Македонија.

Како што соопшти СЕП, главниот акцент при разговорите ќе биде ставен на надминувањето на предизвиците и изгледите за одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ, со оглед на тоа што Германија има значајна улога во овие процеси, како дел од актуелното Трио од ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ.

Димитров ќе се осврне и на актуелните случувања во Северна Македонија, со фокус на главните реформи во контекст на европската интеграција, а со соговорниците ќе размени мислења и за Берлинскиот процес и очекувањата од Самитот кој што треба да се одржи во Берлин оваа година.

Од Берлин, вицепремиерот Димитров заминува за Словенија, која од 1 јули ќе претседава со ЕУ

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести