16.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

Димитров: Да направиме политика што ќе покаже дека ветото е штетно и за Бугарија

Најчитани вести

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров по вчерашната посета на еврокомесарот Оливер Вархеи, кој не даде изјава за медиумите по средбите со македонскиот државен врв во Скопје, порача дека е важно претставниците на институциите од Брисел кога доаѓаат на Балканот да имаат контакти со јавноста, а не само со политичарите.

Димитров во синоќешното гостување на телевизија „Сител“ рече и дека Вархеи давал паралелни предлози на предлозите на германското и на португалското претседателство и тоа, како што истакна, пробугарската страна.

– Еврокомесарот по дефиниција ни е најдобар пријател и во таа смисла каков било исчекор треба да е заеднички успех, меѓутоа, за жал од конкретниот еврокомесар Вархеи немав баш такво искуство бидејќи солираше и поставуваше паралелни предлози на предлозите на германското и на португалското претседателство и тоа пробугарската страна. И на тој начин го компромитораше напорот на двете претседателства – рече Димитров.

Воедно порача дека по последните изјави од бугарскиот политички врв е крајно време да видиме каде одиме и како таму да стигнеме.

– Ние имаме еден екстрем по секоја цена во ЕУ, или другиот екстрем е да ги баталиме ЕУ и да си бараме други партнери – наведе поранешниот шеф на дипломатијата.

Истакна дека мора да се бориме за вистинска европска игра.

– Не може некој нас да ни го дообјаснува македонскиот јазик. Не може во преговарачката рамка историјата да биде поважна од борбата против корупцијата. Мораме да направиме политика која што ќе покаже дека ветото е штетно и за Бугарија, оти вака ветото им работи. Ние сме тие што ни се брза, ние сакаме да правиме чекори, а сигналот е ќе дојдат на нашето. Затоа мораме да почнеме да употребуваме зборови кои што ја отсликуваат реалноста. Во моментов политиката на Бугарија кон нас не е пријателска, оти со вакви пријатели не ни требаат непријатели. Кога ќе кажат македонскиот идентитет е фалсификат мора да викнеме ова безобразно, ова е дрско, засрамете се – рече Димитров.

Тој потенцираше и дека, како што рече, „за оваа приказна мора да се информираат партнерите на Македонија во ЕУ во регионот, Американците и сите други кои се заинтересирани ова да успее“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com