Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ официјално стана член на Валенсија во која треба да остане во следните четири години.
Како и што се најави пред почетокот на сезоната Димитријевиќ после пет години ќе си замине од Хувентуд. Димитријевиќ оваа сезона во просек постигнуваше по 10,6 поени, 1,5 скокови и 3,6 асистенции за Хувентуд, а благодарение на одличните настапи тој си обезбеди трансфер во гигантот.
Македонскиот кошаркар сезонава стигна до нокаут-фазата со Хувентуд, но испадна од Барселона во четвртфиналето на шпанската лига.
Во новата сезона амбициите на Валенсија ќе бидат шампионски и титулата во Европкупот, натпреварување каде што овој клуб има четири трофеи.