25.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022

Димитриеска-Кочоска: Легитимно е барањето за предвремени избори

Најчитани вести

Дали политичката конфронтација ќе влијае врз економските движења или економските перфоманси на државата стануваат прилично драматични? Тука се поставува дилемата – што би постигнала ВМРО-ДПМНЕ со блокадата на Собранието. Дали „тврдоглавоста“ на премиерот за лидерска средба во овие деликатни ситуации може да генерира конфликтност помеѓу власта и опозицијата.

На овие и други економски теми во Утрински брифинг разговаравме потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска – Кочоска.

-Сѐ уште верувам дека премиерот ќе се освести на некој начин и дека ќе имаме една лидерска средба како што доликува. Денес претседателот ќе има средба со пратениците во попладневните часови, каде што ќе се разговара околу блокадата, но сепак очекувам дека нема да стигнеме до блокадата, туку дека претседателот на ВМРО-ДМНЕ ќе се повика на разговор во Владата и дека ќе се изнајде решение за оваа криза, вели Гордана Димитриеска – Кочоска.

Таа вели дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, никаде не кажал дека условот се само предвремени парламентарни избори.

-Мицкоски понуди четири различни тимови – за образование, здравство, надворешна политика и економија, со цел да се помогне во овие услови кога Владата не знае што прави, туку само одиме кон полошо, вели Гордана Димитриеска – Кочоска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com