17.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Димитриевски: Ќе постапев како Пауновски, а јас пак ќе бидам хаусмајстор на Куманово

Најчитани вести

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, денеска во гостувањето на Утрински брифинг потенцираше дека неговата амбиција е да продолжи да им служи на граѓаните, а на следните локални избори повеќе од сигурен е дека ќе победи, затоа што граѓаните на Куманово ја препознаваат работата којашто Димитриевски заедно со тимот ја работи за општината.

Димитриевски се заблагодари на граѓаните кои позитивно се изјасниле на анкетата за трет најуспешен градоначалник во државата, и според него, ова е мотив повеќе да се продолжи со начинот на работа, исклучиво во интерес на граѓаните.

„Планирам да победам на локалните избори и повеќе од сигурен сум дека ќе победам, бидејќи луѓето ја препознаваат мојата работа. Сакам да ја преземам и довршам улогата на некој вид на „хаусмајстор“ на градот“, истакна тој.

Тој истакна дека Куманово со години наназад поприлично е запоставен во однос на капиталните инвестиции и сака да го реши најголемиот дел од комуналните проблеми со кои граѓаните се соочуваат.

„Мојата мисија е да им служам на Кумановчани и во секој момент имам право да искажам свое мислење и видување во круцијалните и најважни прашања што се од државен или од национален интерес, бидејќи секогаш, во секој момент државниот и националниот интерес го ставам пред сѐ“, изјави Димитриевски.

Во однос на случајот со директорот на ДПИ Стојко Пауновски, градоначалникот Димитриевски рече дека апсолутно го поддржува во делот на неговите ставови и на истиот начин би постапил доколку се нашол на негова позиција и во такви услови да работи.

„Доколку имавме можност ставовите коишто се носат или диктираат претходно да ги изградиме заедно на одредени форуми тогаш сигурно дека заедно ќе ги застапувавме и реализиравме. Но, кога се носат вакви ад-хок решенија за мене однесувањето сосема е разбирливо“, вели Димитриевски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести