Home » Димитриевски: Нема правда, нема мир, денеска скокна Ламбе, утре ќе скокне народот

Димитриевски: Нема правда, нема мир, денеска скокна Ламбе, утре ќе скокне народот

by Журнал.мк

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, на фејбук реагира на вчерашното апсење на пејачот Ламбе Алабаковски, кој е осомничен за подметнување на пожар во бугарскиот клуб во Битола.

„Осудувам секаков вид насилство безредие и непочитување на законите. Непочитување на законите е резултат на несредена, неорганизирана и неправедна држава. Но, сепак сакам да кажам неколку реченици што верувам дека секој МАКЕДОНЕЦ интимно ги чувствува:

Се отвора здружение на граѓани под име Ванчо Михајлов, квислинг, потврден фашистички соработник и човек кој отворено работел целиот негов живот против македонската самобитност и државност и тоа без никаква дозвола за отварање на здружението од официјални и надлежни институции, а притоа надлежните во државата на чело со МВР молчат и мудро калкулираат.

Следува реакција на јавноста којашто нормално е бурна, додека поединци од власта по молкот и привременото слепило од немај каде се јавуваат со наводни реакции, но претходно добро избалансирани за да не им биде замерено од официјална Софија.

Подоцна, откако Ламбе го сторил тоа што на секој Македонец му е во мислите како резултат на фрустрацијата во сопствената држава да ти ги величаат терористите и фашистите, помпезно и експедитивно се наоѓа сторителот на опожарувањето и триумфалистички се елаборира професионалноста на службите.

Секоја чест на професионалците во МВР и Обвинителството коишто брзо и експедитивно ја завршиле работната задача, секој сторител треба да биде откриен и санкциониран.

– Го прашувам Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски:

  1. Го откри ли сторителот за Пајакот којшто удри полицајка?
  2. Го откри ли сторителот на каубојското пукање во Чаир?
  3. Го откри ли сторителот на незаконската градба на споменикот во Слупчане?
  4. Ги откри ли одговорните за пожарот во модуларната болница во Тетово? (или таму кабелот ќе остане виновен?)
  5. Ги откри ли сторителите кои помогнаа во бегството на Груевски? … уште многу прашања без одговори.

– Има ли еднакво правда за сите во државата?

– Не, нема правда, нема мир, денеска скокна Ламбе, утре ќе скокне народот! Вие ќе бидете виновни, пишува на својот Фејсбук-профил кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More