17.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Димитриевски: Акцискиот план коj го предложи Љупчо Георгиевски е срамен и понижувачки за Македонија и македонскиот народ

Најчитани вести

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски реагираше за предлогот кој го даде екс премиерот Љупчо Георгиевски за тоа како да се реши спорот со Бугарија. 

Според Димитриевски, тој е срамен и понижувачки за Македонија и македонскиот народ. 

„Овие ставови директно ги разнебитуваат нашите македонски корени, ги поткопуваат столбовите на постоењето на македонската држава, историја, јазик, идентитет и култура со конечна цел декодифицирање на македонизмот. Доколку кај поранешниот премиер постои малку доблест и свест под итно треба да го врати Македонското државјанство и да се извини на целиот македонски народ. Го повикувам јавното обвинителство екс официо да отвори случај, спроведе истрага и доколку утвртди одговорност за ваквиот предлог кој е против уставен да поднесе кривична пријава за дело против државата и поткопување и уривање на уставниот поредок. Јас сум еден од многуте граѓани во државата кој секогаш и секаде бескомпромисно ќе се спротивстави на ваквите утопистички ставови. Во оваа прилика ќе потсетам на зборовите на Гоце Делчев: „Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот”“, пишува Димитриевски. 

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести