Скопското обвинителство поднесе обвинение против едно лице од Гевгелија за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Од Обвинителството велат дека пред две недели, на булеварот Србија, обвинетиот неовластено заради продажба држел психотропни супстанции – 46,45 грама амфетамини. Обвинетиот се превезувал во автомобил како сопатник, а амфетамините ги скрил во слободниот простор меѓу рачната кочница и сопатничкото седиште.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице со оглед на тоа што ценеше дека и натаму постојат условите поради кои првично беше определена ваквата мерка.