7.8 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

ДИК спремна за избори во било кое време

Најчитани вести

Откако во јавноста се „свртеа“ неколу датуми за евентуални предвремени парламентарни избори април, мај, јуни или октомври следната година, телевизија Алсат го праша претседателот на ДИК, Оливер Дерковски дали се подготвени за евентуални предвремени избори. Дерковски со став дека Комисијата е секогаш спремна.

„ДИК затоа и постои да организира и спроведува избори, така што во секој момент доколку се одлучи во државата да има избори, ние сме подготвени да ги спроведеме тие избори и ќе ги ангажираме сите капацитети со кои што стоиме на располагање согласно Изборниот законик, така да нема никакви проблеми доколку се одлучи да се оди на избори“-изјави Оливер Дерковски, претседател на ДИК.

На прашањето какви се шансите за евентуални предвремени избори и дали тие ќе бидат по теркот на ВМРО-ДПМНЕ од каде бараат пролетни или пак есенски како што нуди СДСМ за догодина, Деровски вели дека легитимно право е на опозицијата да бара, а на власта – да прифати или не. Наше е вели тој, изборите да ги одработиме. За барањето на помалите партии за измени во изборниот законик за Македонија да стане една изборна единица Дерковски со став:

„Сè зависи од волјата на политичките партии учесници во Собранието, дали ќе пристапат кон промена на Изборниот законик, односно носење на нов Изборен законик. Ние како ДИК можеме да им пружиме комплетна логистичка подршка од наша страна со наши предлози од нашите искуства кои ги имаме во работењето на Комисијата“-рече Оливер Дерковски, претседател на ДИК.

По аферата „Рекет“ опозицискта ВМРО-ДПМНЕ го зачести барањето за предвремени парламентарни избори како услов за излегување од политичката криза. На истото инсистираа и од Движењето БЕСА. СДСМ прифаќа предвремени избори, но само во октомври идната година, што би било само два месеци пред редовниот термин. Според владејачката партија, не смее да се пропушти можноста за раст на економијата, што било случај во сите држави кога станувале членки на НАТО или почнувале преговори за членство во ЕУ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com