3.8 C
Skopje
Tuesday, November 30, 2021

ДИК ги објави конечните резултати од првиот круг, избраните градоначалници треба да ја преземат локалната власт

Најчитани вести

На 31 октомври граѓаните од 44 општини ќе гласаат уште еднаш за градоначалник на нивната општина. Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски е оптимист дека проблемите со биометриските уреди за идентификација на избирачите нема да се повторат во вториот круг.

Според податоците, ВМРО-ДПМНЕ е партијата која освои најмногу општини во првиот круг, вкупно 21, потоа следува СДСМ со 9, додека ДУИ доби само две општини, Липково и Сарај.
Во општините Маврово-Ростуше и Центар Жупа гласањето ќе се повтори, бидејќи не е исполнет законскиот цензус – на гласање да излезат најмалку 1/3 од запишаните гласачи во Избирачкиот список.

Алијанса и Алтернатива во првиот изборен круг не освоија ниту една општина. Во вториот круг ќе се тркаат во Гостивар, Струга, Дебар и Чаир. Во Тетово ќе се соочат ДУИ и Движење Беса.

Болните и немоќните кои сакаат да гласаат на вториот круг на изборите ќе можат да се пријават во општинските изборни комисии до вечерва на полноќ. Рокот за пријавување за гласање на лицата со Ковид-19 и во изолација истекува на 25 октомври. Болните и немоќните, лицата со Ковид-19, лицата во изолација, како и затворениците, лицата во притвор и во старските домови гласаат еден ден пред изборите, односно на 30 октомври.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com