21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Дика: Елмас е најопасниот фудбалер на Македонија, а не Пандев!

Најчитани вести

Во пресрет на утрешниот меч со нашата репрезентација во рамките на квалификациската група Ј за пласман на СП во Катар 2022 година, Николае Дика помошникот селектор на Романија имаше свое видување пред новинарите.

“Ние мораме да имаме амбиција да одиме на СП во Катар. Мора да покажеме победничка амбиција и против Македонија. Според мене Пандев е еден од најважните играчи на Македонија, но сепак Елмас е најопасниот. Игра во Наполи, а најмногу проблеми прави кога ќе се најде на 30 метри од голот. Сакаме да бидеме агресивни, да го притиска противникот, ќе видиме колку ќе успееме во тоа“, вели Дика.

За тоа дали селекторот Мирел Радои ќе ја води репрезентацијата против Македонија, Дика посочи.

“Јас се надевам дека Радои денеска и утре ќе добие два негативни теста на Ковид-19. Сепак ако не може тогаш јасно е дека во текот на мечот ќе бидеме во постојана комуникација. Ако нема да биде физички со нас сепак ќе има некој што ќе има постојан контакт со селекторот“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести