Home » Дизелот и екстра лесното поскапуваат за 3 денари

Дизелот и екстра лесното поскапуваат за 3 денари

by Журнал.мк

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,31% во однос на одлуката од 22.08.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,719%, кај дизелот зголемување во просек за 3,631%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 3,658% и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,553%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 3,00 ден/лит.

Од 25.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95- 89,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98- 91,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)- 96,50 (денари/литар)
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)- 93,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС- 51,686 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,843%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25.8.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk