19.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

„Дигитална Гиза“ – виртуелна прошетка по египетските пирамди

Најчитани вести

Ако патувањето е идеален начин да се доживее убавината на древните пирамиди во Гиза, Египет, тогаш „Дигитална Гиза“, направена од Универзитетот Харвард, е најдобрата алтернатива за тоа.

Како што пренесува „Нердист“, „Дигитална Гиза“ (Digital Giza) е дел од проектот „Гиза“ на Харвард – обид да се каталогизира и обопшти архивата и податоците во една база. Истражувачите создадоа дигитална платформа со 3-Д модели, виртуелни прошетки и други бесплатни интерактивни компоненти, кои им помагаат на луѓето да го истражуваат местото оддалеку.

На пример, може да се движите низ Големата пирамида – најголемото од трите зданија, изградена од фараонот Кеопс околу 2550 г. пр.н.е. Кеопсовата пирамида не само што е најстаро од седумте древни светски чуда, туку е и единственото што сè уште постои. Другите две пирамиди се Кефреновата и Менкауровата пирамида, изградени од синот и внукот на Кеопс.

„Дигитална Гиза“ нуди и поглед и на Сфингата и други знаментости. На платформата има и виртуелни обиколки на неколку екстравагантни гробници, заедно со уметничките дела и скулптури, кои до ситници може да се видат однатре.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести