8 C
Skopje
Sunday, May 16, 2021

Дибала ќе конкурира за место во тимот на Јувентус против Рома

Најчитани вести

Напаѓачот на повеќекратниот италијански фудбалски првак Јувентус, Пауло Дибала може да се врати во составот на „старата дама“ во натпреварот од 21. коло против Рома, објави „Фудбал Италија”.

Според италијанскиот медиум, 27-годишниот Аргентинец се вратил на тренинг со екипата и се подготвува за мечот против Римјаните.

Во сезоната 2020/21, Дибала одигра 16 натпревари за Јувентус, постигна три гола и две асистенции.

Дибала нема одиграно натпревар од 10 јануари поради повреда на левото колено.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести