Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала нема да направи трансфер летово во францускиот шампион.
Аргентинецот одлучи да не го напушти тимот и да се бори за место во првиот тим на италијанскиот шампион.
Минатата сезона запиша 42 натпревари за Јуве, постигна 10 гола и запиша шест асистенции. Неговиот договор со италијанскиот клуб важи до 30 јуни 2022 година.