28.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

ДЗС: Досега попишани 130 009 наши државјани, 8429 само во последните 24 часа

Најчитани вести

Државниот завод за статистика соопшти дека заклучно до денеска до 8 часот, вкупниот број на самопопишани државјани на Република Македонија изнесува 130 009.

Во изминатите 24 часа, според ДЗС, се попишале нови 8429 наши државјани.

-Интересот на нашите државјани во странство за искористување на можноста да ги дадат своите податоци во процесот на попишување на дијаспората секојдневно расте. Оваа активност има извонредно значење и за Република Македонија и за целата дијаспора – после многу години и секакви шпекулации со бројките на иселени државјани, конечно да имаме јасна слика каде се и колку се нашите иселеници за да може да се креираат и насочат соодветни политики за нивна поддршка и овозможување услуги кои им се потребни од својата татковина, се наведува во соопштението од ДЗС.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести