17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

ДЗР: Електронските алки за следење на притворот не се активни

Најчитани вести

Електронските алки за следење на притворот не се активни, а затворениците и лицата со мерка притвор не се здравствено осигурени.

Електронските алки и системот за следење и спроведување на мерката притвор се уште не се активни, а затворениците и притворениците не се здравствено осигурени, наведува Државниот завод за ревизија во ревизорските извештаи на Управата за извршување на санкции при Министерството за правда.

Ревизорите вршеле контрола на финансиските сметки (основен буџет и буџет на заеми) на Управата за извршување на санкциите за 2020 година, заедно со ревизија на усогласеност, при што клични наоди на основниот буџет се дека не е извршена ниту една внатрешна ревизија и дека затворениците не се здравствено осигурени.

Клучни препораки на државниот ревизор се дека Управата треба да направи екипирање и функционирање на внатрешната ревизија и редовно да пресметува и во координација со надлежните органи да врши исплата на придонеси за задолжително здравствено осигурување и придонеси врз основа на инвалидност и телесно оштетување за лицата, кои се на издржување казна затвор и издржување на воспитна мерка во воспитно – поправен дом.

– Електронските алки и системот за следење и спроведување на мерката притвор во РСМ се уште не е активен, за што надлежните институции во соработка со Управата потребно е да преземат мерки и активности, за овозможување оперативност и непречено функционирање на опремата за електронски надзор, со цел извршувањето на пробациските работи, односно обезбедување на ефикасен систем на електронски надзор при извршување на мерката куќен притвор на цела територија на РСМ, оценува државниот ревизор во делот на клучни системски слабости во извештајот за основниот буџет.

Извештајот на сметката за заеми, во делот на клучни системски слабости, оценува дека инвестициите за објектите во КПД Куманово и КПД-ВПД Тетово се завршени и во тек се постапките за предавање на правото на сопственост на установите, односно издавање на одобренија за употреба и имотни листови од страна на надлежните институции во РСМ.

Ревизорските извештаи се достпани на страницата на ДЗР и тоа Извештај за сметка на основниот буџет и Извештај за сметка на буџет на заеми.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com