Френки Де Јонг мора да ја коментира својата иднина во овој јунски циклус во Лигата на нации после секој одигран натпревар, па така беше и по оној против Велс по кој ќе следи летна пауза.
Холандија победи со 3:2 и повторно ги шокираше Велшаните со гол во судиското продолжение, епилог по кој новинарите повторно успеаја да извлечат информација од Френки за состојбата на трансфер пазарот.
Како што стојат работите, иднината на играчот за врска во Барселона е неизвесна бидејќи клубот е приморан да продава, а сериозниот интерес од Манчестер Јунајтед прави ситуацијата да биде доста интересна.
Де Јонг вели дека е почесетен од интересот на клуб како Јунајтед, но уште еднаш нагласи дека тој нема да брза и инсистира на трансфер бидејќи ја смета Барса за најголем клуб во светот.
– Секогаш се чувствувате почестено кога такви големи клубови покажуваат интерес за вас, но јас сум во најголемиот клуб на светот. Се чувствувам добро во Барселона и засега немам никакви новости на таа тема, – изјавил Де Јонг.