Матијас Де Лихт вчера вечер слета во Торино.
Јувентус победи во трката за еден од најбараните фудбалери во овој момент. Како и што се најавуваше после пристигнувањето, Де Лихт утрово ги поминува медицинските прегледи.
Де Лихт пристигна во медицинскиот центар на Јувентус, а таму го чекаа и навивачите кои јасно го покажаа своето воодушевување од неговото пристигнување. Покрај навивачите на едно од видеото може да се забележи и дека во медицинскиот центар на Јувентус е присутен и неговиот агент Мино Раиола со кого Де Лихт се поздрави.