Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис останува на ставот дека Гатузо е вистинскиот човек за неговиот тим и покрај поразот од Парма.
Гатузо имаше лош старт на кариерата во Наполи откако загуби на домашен терен на неговото деби од Парма со 2-1.
„Имам комплетна поддршка за Гатузо, тој е голем работник. Заврши одлична работа во Милан и е вистински профил за нас, како што беше и Карло кој останува исклучителна личност“, вели Де Лаурентис.
„Сега ни треба големо трпение, челични нерви и ладни глави. Ова го велам пред се на фановите. Тие сакаат победа по секоја цена, но фудбалот се промени, стана далеку покомплексен“.
Анчелоти играше со систем 4-4-2, Гатузо го враќа Наполи на 4-3-3.
„Наполи беше познат во Европа па системот на Сари 4-3-3 и Гатузо играше одлично во овој систем во Милан. Сега ни треба трпение бидејќи некои играчи знаат да играат во овој систем, но други треба да се прилагодат“.