0.8 C
Skopje
Sunday, January 23, 2022

Де Лаурентис: Наполи има многу проблеми, имаме само…

Најчитани вести

Италијанскиот прволигаш Наполи за кого настапува Елиф Елмас треба да затвори многу прашања во наредниот период по што ќе се знае со што клубот ќе располага во престојнава сезона и со какви амбииции ќе влезе во истата.

Засега наполитанците се мирни на трансфер пазарот, немаат поголеми засилувања или заминувања со тоа што најголема промена е доаѓањето на тренерот Лучијано Спалети кој е наследник на Џенаро Гатузо.

Спалети ќе има директна средба со претседателот Аурелио Де Лаурентис по што ќе се знаат многу работи меѓу кои и иднината на Лоренцо Инсиње кој е во завршната година од договорот.

-Морам да одам и да се сретнам со Спалети, бидејќи утре се враќам во Рим и треба да зборуваме за безброј проблеми. Трансфер пазарот е отворен, за продажба и за потпишување играчи. Имаме само неколку дена, па кој е таму ќе остане, кој нема да биде нема да биде и од септември одиме до крај, -порача Де Лаурентис.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com