13 C
Skopje
Friday, April 16, 2021

„Дејли мејл“: Милинковиќ-Савиќ се разбра со Јунајтед

Најчитани вести

Играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, постигна договор со Манчестер Јунајтед, објави „Дејли мејл“. Според британските медиуми, „црвените ѓаволи“ се согласиле со сите услови за договор со 24-годишниот фудбалер.

Сепак, неговиот трансфер на „Олд Трафорд“ ќе зависи од тоа дали Пол Погба ќе остане во тимот. Ако Французинот отиде во Реал Мадрид, тогаш раководството на Јунајтед ќе има пари за привлекување на Србинот. Лацио се очекува да го продаде својот играч за 75 милиони евра + бонуси.

Милинковиќ-Савиќ пристигна во Лацио во летото 2015 година од белгиски Генк за 18 милиони евра. Минатата сезона учествуваше во 31 натпревар за „лацијалите“, во кои беше автор на пет гола и три асистенции.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести