10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

Дејвид Мојс после шест години се враќа во Евертон?

Најчитани вести

Евертон доживеа убедлив пораз во градското дерби против Ливерпул, а синоќа челниците на клубот одлучија да му врачат отказ на тренерот Марко Силва.

Карамелите се во многу лоша форма оваа сезона бидејќи се на 18-то место по 15 одиграни кола. По низата лоши резултати, челниците на клубот од „Гудисон парк“ решија дека е време за промена и му се заблагодарија на Марко Силва за соработката.

Евертон летово потроши многу пари на засилувања, но англискиот клуб едноставно не игра како што се очекуваше. Тимот ќе биде привремено воден од Данкан Фергусон, но англиските медиуми веќе пишуваат дека се знае кој ќе биде новиот тренер на Еветон.

Мојс го водеше Евертон од 2002. до 2013. година и по шест години може да се врати во клубот. Овој 56-годишен стручњак е без работа откако беше отпуштен од Вест Хем летото 2018. година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com