-2.2 C
Skopje
Monday, January 17, 2022

Дејвид Гир: ЕУ ги поддржува активностите насочени кон зачувување на статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО

Најчитани вести

Европската унија силно ги поддржува активностите што ги спроведува локалната самоуправа во Охрид насочени кон зачувување на статусот што регионот го има како светско природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО.

Тоа го истакна евроамасадорот Дејвид Гир на денешната средба со градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, на која се информираше за напредокот на активностите што се преземени од претходната нивна средба до сега.

Георгиески претходно денеска со премиерот Зоран Заев извршија увид на дел од охридското крајбрежје каде што Општина Охрид во текот на изминатиот период спроведуваше активности за отстранување на бесправните објекти по што беше извршено уредување и подготовка на плажите во пресрет на туристичката сезона.

Тој изрази задоволство што како локална власт покажале решителност, вистинска волја, капацитет и подготвеност „да се соочиме со проблемите и да ставиме крај на долгогодишниот хаос, злоупотреби и узурпации на најатрактивната зона од заштитениот појас”.

-Обезбедуваме услови за слободно користење на плажите од страна на граѓаните и туристите, кои ќе летуваат покрај нашето прекрасно Охридско Езеро, порача Георгиески на својот фејсбук-профил.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com