5.8 C
Skopje
Friday, December 9, 2022

Дешамп: Галтие треба да го штеди Мбапе

Најчитани вести

Францускиот селектор Дидие Дешамп ја анализирал играта на своите фудбалери по вчерашниот пораз од Данска во Лигата на нации, а меѓу другото зборувал и за Килијан Мбапе.

Ѕвездата на ПСЖ не се прослави со своите потези против Данците, а Дешамп посочил дека на фудбалерот му е потребен и малку одмор за време на клупските настапи.

Поради ова, францускиот селектор испрати порака до тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие.

– Знам дека Галтие сака да го има Мбапе во тимот, но одвреме навреме треба да добие можност да земе здив.

– Мора да игра помалку минути, не само што нема да му влијае лошо, туку тоа ќе го направи уште подобар фудбалер, – изјавил Дешамп.

Француските медиуми не заборавија да ја надополнат информацијата со фактот што Мбапе одигра 180 минути на двете средби од Лигата на нации, со што и Дешамп не му дава добар пример на својот колега од ПСЖ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести