24.8 C
Skopje
Saturday, June 12, 2021

Децата кои беа заклучени во автомобил се во добра состојба

Најчитани вести

Со возило на брза помош и во придружба на полиција, синоќа во 23 часот на Клиниката за детски болести Скопје донесени се две деца деца, женско старо 7 години и машко дете старо 4 години.

„Во моментот на прием, на преглед оддавале впечаток на запуштени деца (валкани, во нечисти алишта) во свесна состојба, исплашени, лесно дехидрирани, свесни, со уредни витални параметри“, соопштија од детската клиника.

Оттаму додаваат дека децата биле хоспитализирани на одделот пулмологија Б за опсервација, им биле направени рутински лабораториски анализи со уреден наод и спроведена перорална рехидрација. Во тек на престојот децата биле во стабилна состојба.

Децата се испишуваат од болницата во добра здравствена состојба.

Инаку, во полиција синоќа било пријавено дека на паркинг на булеварот Видое Смилевски Бато во автомобил со скопски регистарски ознаки се наоѓале две деца кои биле заклучени.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести