14.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Децата во основните училишта нема да носат заштитни маски

Најчитани вести

Децата во основните училишта нема да носат заштитни маски, потврдија од Комисијата за заразни болести. Членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот редовен состанок донесе одлука да препорачаат да се тргнат маските за децата од основните училишта.

„Ги ослободуваме од обврската да носат маски учениците во основно образование, но ова нема да важи за наставниците и техничкиот персонал“, вели претседателот на Комисијата, доктор Александар Петличковски, кој признава дека имало дискусија на оваа тема помеѓу членовите на Комисијата но сепак конечната одлука била донесена со мнозинство.

Од Комисијата велат дека внимателно ќе ги следат сите параметри околу епидемиолошката состојба во училиштата.

„Доколку има било какво влошување на епидемиолошката состојба или зголемување на епидемиолошкиот ризик тогаш може повтрно да се вратат на сила истите мерки кои што беа и претходно. Но, на ваков начин на постепено олеснување на согласно епидемиолошкиот ризик, сметаме дека можеме да на некој начин не се доведеме во ситуација како во Германија, Австрија, Велика Британија и Данска каде што имаше нагло зголемување на бројот на новозаразени, на хоспитализации и на починати“, вели портпаролот на Комисијата, доктор Злате Мехмедовиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com