29.8 C
Skopje
Thursday, July 7, 2022

Дете со нож нападна аптекарка оти не сакала да му даде дијазепам без рецепт

Најчитани вести

Обвинителството покрена кривична постапка против 14-годишно дете од Скопје затоа што со нож ограбило аптека во близина на Бит пазар и се заканувало на аптекарката од која барал дијазепам без рецепт. Откако вработената во аптеката побарала помош случајни минувачи го совладале, по што стасала полицијата. Разбојништвото се случило во понеделник навечер околу 20 часот.

Детето е осомничено за разбојништво, а обвинителството од судијата за деца во кривичниот суд да му определи притвор поради можност од бегство, за да не влијае врз сведоците, но и поради тоа што и порано имало извршено разбојништва, а определените мерки за помош и заштита не дале резултат во однесувањето на овој 14-годишник.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје достави Барање за поведување подготвителна постапка против дете за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.

На 23 мај, детето во судир со законот, на возраст од 14 години, влегло во аптека на булеварот „Крсте Петков Мисирков” во Скопје и од вработената побарало да му даде таблети „дијазепам”. Кога вработената му кажала дека таблетите не се издаваат без лекарски рецепт, тој преминал од другата страна на пултот и ѝ се заканил со нож. Потоа ја отворил касата и го одзел целиот дневен промет и повторно побарал од неа да му даде таблети. Во тој момент, оштетената го фатила за рака за да не избега, но детето ја удрило со тврд предмет и ѝ нанело телесна повреда. Вработената побарала помош од случајни минувачи кои го совладале и го задржале до доаѓањето на полицијата.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на судијата за деца да определи мерка притвор за детето во судир со законот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство и да ја попречува постапката со влијание врз сведоците, како и поради фактот што веќе е евидентиран како сторител и на други кривични дела разбојништво за кои претходно определените мерки за помош и заштита не дале резултат“, се вели во соопштението на Обвинителството.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com