28.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Дете се задуши во пожар во Гостивар, жена во критична состојба

Најчитани вести

Дете се задушило, а една 35-годишна жена е во критична состојба по пожарот кој утринава избувнал во зградата на улица „Кеј Вардар“ во Гостивар. Според сознанијата, огнот се појавил околу 8 часот при што почнал брзо да се шири и создава големо количество на чад. Веднаш пристигнале и пожарникарите кои го изнеле повредените – дете и една 35 годишна жена. Тие итно биле пренесени со брза помош во градската општа болница. Но, на ургентното одделение во болницата била констатирана смрт на детето, која наверојатно настанала од задушување. Жената, пак, е во животно-загрозувачка состојба.

Пожарот бил изгасант по полчасовната интервенција а во тек е увид на екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител за да се утврдат причините кои довеле до трагичниот настан.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести