13 C
Skopje
Tuesday, April 13, 2021

Дете на пет годишна возраст го пријавило таткото дека поминал на црвено!

Најчитани вести

Еден „клинец“ на пет годишна возраст во Вицбург, ја повикал полицијата и го пријавил татко си дека со автомобилот на двапати поминал на црвено светло на семафорот …
Детето го повикало бројот за итни случаи 110 за да се пожали на таткото. Чуварите на органите на редот и мирот веднаш го повикале бројот од кој бил упатен повикот.

Се јавил таткото, кој првин бил изненаден и се извинил на повикот на бројот за итни случаи.

На барање на полицијата го дал телефонот на синот. Тогаш ова пет годишно дете со критички тон на чуварите на редот им рекол дека татко му со автомобил поминал на два пати низ црвено светло на семафори дека полицијата поради тоа би требало да го затвори.

Во разговор со детето полицијата успеала да го увери дека не е потребно по неговиот татко да дојде патрола како што детето барало!

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести