Гостивар , 23 септември- Дете на возраст од 11 години е тешко повредено во сообраќајна нeсреќа во Гостиварско.
Како што информираат од МВР, во попладневните часови на 22 септември на крстосницата од регионалниот пат Гостивар – село Градец и локалниот пат за село Пожаране, автомобил „пежо 206“, управуван од 51-годишник од Врапчиште, удрил во 11-годишно дете од селото Тополница кое возело велосипед.
Во незгодата малолетникот се здобил со тешки повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Гостивар за укажување лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила полициска екипа.